На првата пресконференција после информацијата дека е обивнет за рекет од 250 000 евра, Васко Ковачевски истакна дека ЕЛЕМ продалевкупно 110.640 МWh енергија и притоа оствариле приходод 4.890.875 евра. Добро спакувани информации изнесени во јавноста дека ЕЛЕМ многу успешно работи. Но, ова се само „пусти“ фалби со цел пред обичниот народ да се прикаже розова слика. За жал состојбата во ЕЛЕМ не е таква како што се обидува да ја прикаже директорот-рекетар. ЕЛЕМ се соочува со повеќе проблеми кои се резултат на погубните политики на власта во заминување. Состојбата е повеќе од алармантна, посебно во РЕК Битола.
Најпрво, сведоци сме дека ЕЛЕМ во 2019 година има произведно вкупно 4.283.730 MWh електрична енергија, од која дел е од термоцентралите на РЕК Битола, дел од хидроцентралите, како и дел од ветерниот парк Богданци, кој беше изграден во времето на ВМРО-ДПМНЕ. За жал ова е последниот енергетски објект со кој може да се пофали нашата земја, кој ако не беше ВМРО-ДПМНЕ веројатно немаше ни да постои. Од доаѓањето на СДСМ на власт, до денес, не е изграден ниту еден нов производен капацитет. Единствено нешто за што СДСМ може да се пофали е донесената Стратегија за енергетиката, каде што без срам го заговараат гаснењето на РЕК Битола во 2025 година, без претходно да се изгради било каков нов производен капацитет.
Јавноста треба да знае дека ЕЛЕМ продава енергија на слободниот пазар, но само откако ќе ги задоволи потребите на универзалниот снабдувач, на кого продава енергија за 34,5 евра за MWh. Оваа цена е далеку под берзанската цена, а истовремено е многу пониска од реалната производна цена на ЕЛЕМ која се движи околу 50 евра за MWh. Ова значи дека власта во заминување, за да купи социјален мир, свесно ја жртвува најголемата производна компанија и наместо да продава по реална цена, продава електрична енергија по пониска цена за 15 евра по MWh, од јули 2019 година наваму.
Честите дефекти при производството на електрична енергија во РЕК Битола, подпроизводната цена со која компанијата ја продава 70% од својата произведена електрична енергија, состојбата со рудниците, како и прекумерните партиски вработувања, ја прават оваа компанија далеку од рентабилна.
Од друга страна неинвестирањето во модернизацијата на РЕК Битола во нови електростатски филтри, дополнително ја влошува состојбата со загадување на околината околу комбинатот и градот Битола.
Згора на сė, од доаѓањетонавластна СДСМ, восрединатана 2017 годинадоденеспоништенисе триогласизакупувањенасопствена механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола, а резултатот е загуба од околу 40милиониевра.
Наместо ЕЛЕМ да има своја механизација за ископ на јаглен, најчесто тоа го прават надворешни фирми, кои добро го „испумпуваат“ и онака кревкиот буџет на ЕЛЕМ. Пропаднатите тендери за набавка на рударска механизација се доказ за недомаќинско работење од страна на раководството на ЕЛЕМ. Во суштина раководството на ЕЛЕМ воопшто немало намера овие тендери да се реализираат. Одговорот на прашањето зошто сето ова се правело го добивме деновиве. Ако се знае дека во 2019 година ЕЛЕМ исплатила 39,7 милиониевра на приватницизакопањејаглен и јаловина, а сумата за купување на сопствена механизација изнесува 40 милиони евра, тогаш тоасеточно 99 процентиод 40-те милионипотребнизасопственамеханизацијаштоќесекористидесетинадопетнаесетгодини.
Нодоколку ЕЛЕМ купи своја механизација, ќе престане потребата од ангажирање на надворешни изведувачи за ископ на јаглен. Тоа ќе значи дека ќе престане и можноста за рекетирање за која слушаме деновиве.
Сега е јасно зошто веднаш по доаѓањето на власт на СДСМ, се „фатија за работа“. Имено, прво што направи новото раководство на ЕЛЕМ, во септември 2017 година го поништи распишаниот тендер за набавка на сопствена механизација, објавен додека на чело на компанијата беше д-р Христијан Мицкоски.
За да биде иронијата поголема, деновиве го слушаме рекетарот Ковачевски како не ја прифаќа кривичната пријава, обидувајќи се да го сврти вниманието на јавноста дека во јануари 2017 година во ЕЛЕМ се увезувала струја по енормно високи цени од околу 170 евра за MWh. Зимата 2017 година, цените на берзите на електрична енергија достигнаа вредности од 170 евра за MWh, поради ниските температури во регионот и Европа. Исто така дел од преносните оператори почнаа да ги намалуваат своитеинтерконекциски преносни капацитети, што влијаеше на зголемување на цените на електричната енергија секаде во регионот. Тоа е периодот за кој се обидува Ковачевски да ја излаже јавноста, дека во тоа време во ЕЛЕМ се набавувалоенергија по цени од околу 170 евра за MWh. Искривувајќи ја вистината за состојбите на пазарот на електрична енергија во регионот, како и работењето на ЕЛЕМ во тој период, рекетарот се обидува да се амнестира себе си.
Ова е само дел од вистинската слика со која се соочува најголемата енергетска компанија во Република Македонија. После доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт ќе следи обнова. Но, ќе бидат потребни надчовечки напори за да може најпрво ЕЛЕМ да се доведе на нивото на кое СДСМ ја наследија во септември 2017 година, па дури потоа да следи правилен развој на компанијата.
м-р Елена Маркова Велинова , претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ