петок, 9. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Маркова Велинова: Се обврзуваме на 285 километри на магистрални гасоводи и бесплатен приклучок на гас

Маркова Велинова: Се обврзуваме на 285 километри на магистрални гасоводи и бесплатен приклучок на гас

Во емисијата „Економски Магазин‘‘ на Алсат Телевизија гостуваше Елена Маркова Велинова претседател на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ која ја претстави програмата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

-Посебен акцент ставаме на гасификацијата и тоа самата програма ни е поделена во четири делови. Најпрво изградба на магистралнио гасоводи и тоа доизградба на оние кои што ги почна претходната влада на ВМРО -ДПМНЕ, а за жал сегашната на СДСМ не успае да ги доврши. Тоа се значи Скопје-Тетово-Гостивар за кои што секако се обврзуваме да ги довршиме во најбрз можен рок, и Неготино-Битола за кои исто така се обврзуваме да го довршиме во најкус можен рок, нагласи Маркова Велинова.

Тааа додаде дека се обврзуваат на изградба на 285 километри на магистрални гасоводи.

-Понатаму продолжуваме со уште 285 километри на магистрални гасоводи со цел да може најклучните точки да ги поврземе во државата.Ќе ги поврземе Битола- Охрид , Струга и Ресен и од Велес спрема Свети Николе па Штип Радовиш Струмица Гевгелија, и од Гостивар спрема Кичево-истакна Маркова Велинова Таа додаде и дека ќе ја гасифицираат ТЕЦ Неготино и вети бесплатен приклучок на гас за секое домаќинство. Се обврзуваме да ја гасифицираме ТЕЦ Неготино и се обврзуваме да ги гасифицираме сите постоечки и нови индустриски зони кои што ќе се изградат. Во програмата детално посветивме внимание за конекција со соседите и тоа со Србија,Грција и Косово. Најаитересно од се е изградба на дистрибутивните мрежи на гасот со цел да може гасот да стигне до секое домаќинство, се обврзуваме секое домаќинство да добие приклучок на природен гас и тоа бесплатен приклучок на гас, заклучи Маркова Велинова

Најнови вести