четврток, 25. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Маркова Велинова: Власта се фали со проекти на хартија, а во реалноста има хаос, 2021 ја завршивме со прогласување на енергетска криза, а 2022 ја започнавме со криза со топлинска енергија

Маркова Велинова: Власта се фали со проекти на хартија, а во реалноста има хаос, 2021 ја завршивме со прогласување на енергетска криза, а 2022 ја започнавме со криза со топлинска енергија

Неуспешните економски политики не може да резултираат со успех во енергетиката, тоа се гранки кои се поврзани, крајот на 2021 го завршивме со прогласување на енергетска криза а почетокот на 2022 почнавме со криза во снабдување со топлинска енергија, изјави Елена Маркова Велинова – Претседател на комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната трибина „Тендери и криминал за власта – За народот скапа струја и поскапо парно греење“, при што додаде дека оваа власт се фали само со проекти на хартија, а во реалноста нема ништо реализирано или тоа што е реализирано е лошо направено и затоа сме заковани на дното.

– Наследија здрави енергетски компании и не успеаја да ги задржат на тоа ниво на кое ги наследија, го намалија производството за половина и повеќе. Нема домашно производство, а носат стратегија за енергетика со која се фалат дека ќе донесат зелена енергија која е скапа. Не успеаја да изградат ништо ново, а наследија нова „Света Петка“ хидроцентрала, нов ветерен парк во Богданци, реконструкција на сите хидроцентрали, реконструкција на еден блок во РЕК Битола. Што значи наследиле здрава енергетика, а не успеаја да ја продолжат ни до нивото како што ја наследија, туку направија тотален хаос, рече Маркова Велинова.

Таа додаде дека сега не знаеме како државата ќе ја застанеме на здрави нозе, имаме прогласена енергетска криза, одлевање на пари од буџетот во ЕЛЕМ, зголемена цена на електрична енергија за граѓаните и укината евтина тарифа, и власт која сака сето тоа да го покрие со пиар маркетинг.

– Регулаторот зборуваше дека нема да се покачи парното, нема да се покачи гасот, дури и кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ сигнализираше за парното и цената на гасот, тогаш претседателот на Регулаторна рече дека некој на 2 јануари ќе требало да се извини. Сега кој кому треба да се извини после прогласенава криза? – прашува Маркова Велинова.

Маркова Велинова се осврна и на гасификацијата, потенцирајќи дека во 5 години стоиме во место, гасификацијата е неразвиена, односно постои само на хартија и ништо друго не е направено, а во меѓувреме власта не успеа ни да создаде тим на експерти кои ќе ја следат состојбата со гасот за да може да се превенираат кризи како актуелнава.

– Државата нема тим на експерти кои ќе ја следат состојбата со гасот за да може да се планира и сега имаме кризна состојба со снабдување на топлинска енергија, но причинителот е високата цена на гасот за која никој од државава не ја предвиде и не преговараше како што треба. Власта сака кризата со електричната енергија да ја заташка, односно стави под тепих, глумејќи херој со проблемот со парното во Скопје, и тоа го прави сегментирано затоа што со гас се снабдуваат и ТИРЗ, многу школи, Куманово гас, Струмица гас, реча таа.

Маркова Велинова истакна дека додека сите земји водат здрави политики, прогнозираат, и не оставаат на случајност, ние уште во 2020 летото имавме тонење на државната компанија која би требало да ја спасува државната економија, нас ни се случува обратно се исцрпуваат пари од буџетот и се прави купи ден помини, се вбризгуваат пари во ЕЛЕМ.

– Сега се докажа дека ако немате здрава држава во која енергетиката е на здрави нозе, вие немате здрава економија и немате можност да се развивате, заклучи Маркова Велинова.

Најнови вести