недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Маркова: За една година власта ја зголеми ценатата на струјата за околу 20%, а во време на криза и пандемија граѓаните ќе плаќаат и еколошка такса

Маркова: За една година власта ја зголеми ценатата на струјата за околу 20%, а во време на криза и пандемија граѓаните ќе плаќаат и еколошка такса

За нешто повеќе од една година власта предводена од Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев, цената на електричната енергија ја зголемија за скоро 20%, покачување што во време на економска криза и глобална пандемија, тешко можат да го поднесат обичните граѓани што месецот го прежувуваат од плата, истакна Елена Маркова, претседателка на централната Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во организација на партијата која се одржа на плоштадот „Автокоманда“ во Општина Гази Баба.

Таа додаде дека за да го покријата покачувањето на стријата СДСМ сее користи со краткорочен трик за намалување на ДДВ-то на електричната енергија и тоа ќе птидонесе во македонскиот буџет да има помалку пари.

„Деновиве е актуелно зголемувањето на цената на електричната енергија и ако го земеми минатогодишното зголемување од 7,4% и овогодинешното од 12,5 проценти во период од 13-14 месеци имаме покачување од скоро 20%. Нешто што обичниот граѓанин кој што преживува од плата навистина тешко ќе го поднесе а СДСМ се досети дека постои еден трик и одлучи да го намали Данокот на додадена вредност (ДДВ) од 18% на 5%, до следното лето, па потоа на десет и на крај пак да го врати на 18%“, рече Маркова.

Марковска истакна дека за да ја пополнат буџетската дупка која ќе ја предизвика намалувањето на ДДВ-то на струјата, власта предводена од СДСМ се служи со нов трик при што воведува еколошка такса на нафтените деривати, која ќе треба да ја платат од својот џеб македонските граѓани.

„Дополнително, за сметка на тоа што во буџетот ќе влезат помалку пари од намалениот дананок на додадена вредност, се досетија и за втор трик. Ќе воведат еколошка такса од околу 4,15 денари на нафтените деривати. Пари кои што ќе треба да се соберат од сите граѓани, а сите знаеме дека во светот плаќа само оној што загадува а не обичниот граѓанин“, истакна Маркова.

Таа додаде дека таа и експертитете за енергетика при ВМРО-ДПМНЕ успеале да направат една прецизна анализа во која согледаа дека навистина се работи за трик. Граѓаните ќе го почуствуваат тоа. Можеби, во овој момент со тоа што ќе се намали ДДВ-то, граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија но со воведувањето на еколошката такса на друг начин ќе му ги соберат средсвата од домашниот буџет. Додаде дека станува збор за околу 35 милиони евра, пари кои ќе се земат од буџеото на граѓаните во време на криза и светска пандемија.

Маркова додаде дека тоа што загрижува е фактот што македонските енергетски компании лека полека ги губиме, при што најголемите компании годинава беа прогласени за едни од најголемите државни загубари иако пред четири години компаниите им ги оставија во одлична кондиција и со одлична добивка.

„Лека полека, од ден во ден ги губиме енергетските компании го се стожери и го полнат буџетот на Македонија. Во овие четири години од двете најголеми компании ЕЛЕМ и МЕПСО кои што им ги оставивме со добивки и тоа добри добивки, во здрава кондиција, официјално годинава се прогласени за загубари. И тоа компанијата ЕЛЕМ некаде околу 17 милиони евра и компанијата МЕПСО околу 6 милиони евра“, истакна Маркова која додаде дека наместо власта да инвестира во државните компании затоа што тие се стожери на државата, таа се фали со приватни, домашни и странски, компании кои ќе инвестираат во фотоволтаици.

Најнови вести