понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мартина Јордански од Малта: Македонци гласајте за нас – за Македонија!

Мартина Јордански од Малта: Македонци гласајте за нас – за Македонија!

Ние немаме право на глас,но затоа Вие го имате тоа право. Вие ќе бидете и нашиот глас. Изберете и за нас. Изберете ги вистинските. Одберете луѓе кои ќе ја спасат нашата земја. Ние не сме таму но секогаш ќе биде наша татковина ,наше парче земја,нашите корени на кои секогаш ќе им се враќаме.

Сега е моментот кога секој од вас ќе одлучи за својата иднина,за нашата иднина. Излезете масовно. Да се чуе гласот на народот, народот да ја даде својата одлука. Секој глас ќе се брои. И твојот глас може да биде одлучувачки. Верувај твојот глас е вреден и битен токму сега.

Гласајте за нашата земја да остане само наша. Ние што не сме таму знаеме најдобро дека ништо не грее како македонското сонце. Дека нема поголема љубов од своите луѓе. Да не дозволиме да не разграбаат,да не растргаат. Излези и гласај. Со секое заокружено ливче вие се борите и за нас,за нашиот глас да го слушнат.

Излези и ГЛАСАЈ !!!
Мартина Јордански – Малта

 

Најнови вести