Изминуваат речиси четири години од мандат на градоначалникот Велимир Смилевски кој е одбележан само со неславни рекордни и скандали. Во изминатиот период општина Бутел предводена од Велимир Смилевски рушеше рекордно но за жал неславни. Станавме општина рекордер која троши најмногу буџетски пари на привремени вработување и вработување на партиска војска на штета на граѓаните, коментира Тони Мартиноски од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува коментарот на денот испратен од ВМРО-ДПМНЕ:
Општина Бутел четири години го живее најмрачниот период. Четири години на стагнација. Четири години на уназадување и погазување на достоинството на бутелчани. Нема ниту еден реализиран проект од ветени проекти со кој Смилевски предизборно ги лажеше и манипулираше бутелчани. Ја нема ветената поликлиника која беше една од најголемите лаги на Велимир кој континуирано низ целиот мандат ја ветува но никако да ја реализира. За жал ние сме единствена општина која во Град Скопје која нема своја поликлиника. Ја нема ниту ветената гасификација со која требаше да се обезбеди поевтино греење и да се намали загадувањето. Бутелчани не ги добија ниту ветените градинки, ниту основните училишта. Го нема ниту ветениот водовод за Љубанци и Љуботен. Населени места кои во 21 век се соочуваат со недостаток на вода. Нема ниту нови спортски игралишта, паркови, зеленило.
Но затоа во општина Бутел има криминал и корупција од невидени размери. Секојдневно сме сведоци на скандали кои излегуваат во медиумите за владеењето на урбаната мафија и незаконското и диво градење. Од зелена општина со паркови и зеленило нашата општина е целата бетонизирана.
Денес општина Бутел е дувлото на криминалот и пресметките на мафијашките структури блиски до градоначалникот Смилевски и владејачката СДСМ. Владеењето на локалните шерифи стана синоним за СДСМ Бутел.
Економијата во општината е уништена. Во индустриските зони не пристигна ниту една нова инвестиција а општинскиот буџет собира се помалку и помалку средства. Од општина со најмала задолженост прераснавме во општина должник.
Се на се во општина Бутел владее тотален хаос и безредие и на ова мора да му се стави крај!
Општина Бутел ова не го заслужува. Општина Бутел не заслужува корумпирана, криминална и неодговорна власт!
Следува период на промени, а одговорност ќе има за сите криминали!
Општина Бутел мора да биде едно подобро место за живеење со многу можности за младите и стабилност на постарите!