петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Матичните лекари на протест: Ако не требаат доктори, тие што останавме да се спакуваме и заминеме во Германија

Матичните лекари на протест: Ако не требаат доктори, тие што останавме да се спакуваме и заминеме во Германија

Стотина матични лекари низ државава денеска паузата ја искористија за да го искажат револтот од новите предлог договори на Фондот за здравствено осигурување кои според нив се премногу ригорозни и на штета на докторите. Претседателката на здружението на приватни лекари од пред подрачната на Фондот во Велес порача дека тие нема да стават потпис на такви документи и ги праша здравствените власти дали им требаат матичните или и тие да заминат во странство.

– Владата прави политика за намалување на казни, а ние во овие прелог договори имаме казни на цел буџет, па од што ќе функционираат установите? Има многу модели, бугарски хрватски каде нема ниту една казна а ние во обие предлог договори имале 51. Отворено нека ни кажат, ако не требаат доктори, уште тие 1 533 што останавме да се спакуваме и организирано да заминеме во Германија, вели др. Лилија Чолакова, претседател на ЗПЛРМ.

Освен договорите од Фондот, матичните се разочарани и поради неисполнување на ветувањето од министерот Филипче, пациентите да се водат на ординацијата а лиценцата да биде на приватната здравствена установа. Велат дека воопшто ги нема во новиот прелог закон за здравствена заштита кој веќе е доставен на гласање во собранието.

Извор: Сител

Најнови вести