петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Maтичните лекари на протест поради игнорантскиот однос на власта

Maтичните лекари на протест поради игнорантскиот однос на власта

Maтичните лекари денеска излегуваат на протест поради игнорантскиот однос на власта. Во објавата за протестот се вели:

„Денес од 14 до 14:30, под заштитната опрема која сами ја купуваме, испечатете ја на лист хартија нашата парола и да го изразиме нашето незадоволство, со излегување секој пред својата ординација!

Протестираме против скандалозниот игнорантски однос кон нас и непостоењето никаква поддршка од системот за матичните лекари,од почетокот на пандемијата до денес!

Бараме:
1. Итна помош во медицинска заштитна опрема, дезинфициенси и сл.
2. Бараме право да упатуваме пациенти на тестирање по наша процена како лекари, а не алгоритам
3. Бараме да има член претставник од матичните лекари во комисија за заразни болести
4. Стопирање на било какви “реформи” најавени за од 01.07, невиден преседан во сред пандемија.
5. Бараме помош во вид на итно ангажирање на млади колеги кои веднаш ќе се вклучат во системот, а во моментов седат дома без работа

Постирајте слики од поединечните протести под хаштагот:
#ДостаЕ #MjaftMë!“ пишуваат матичните лекари.

Најнови вести