3,61 е просечната оценка постигната на двата екстерни испити за државна матура. Според челниците на Државниот испитен центар, ова е успех во споредба со 2019 година кога просечната оценка беше 3,48.
За предметот македонски јазик, просечната оценка достигна 3,93, а во 2019 таа била 3,69. Но, помалку знаење учениците овој пат покажале на тестот за албански јазик. Просекот сега е 3,59, додека пред две години тој бил 3,85. Намалување на оценката е забележано и во предметите англиски, француски и германски јазик, а подобра оценка била постигната по математика.
Како што велат од оваа институција, само двајца ученици не се појавиле на испит поради изолација од Ковид-19. Матурантите имаат право на жалба до среда со уплата од 1.500 денари. Инаку, државната матура ја полагаа околу 15.300 матуранти.