петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МАВРОВО ЗАТРУПАНО СО СНЕГ – денес не ни помислувајте да тргнете за скијање или прошетка (ВИДЕО)

МАВРОВО ЗАТРУПАНО СО СНЕГ – денес не ни помислувајте да тргнете за скијање или прошетка (ВИДЕО)

Утрово снег врне на Попова Шапка, Маврово, Крушево, Пониква, Пелистер, како и планината Водно во Скопје, но и на сите повисоки места.

Граѓаните велат дека во текот на ноќта во Маврово имало обилни врнежи од снег, патиштата се непроодни, камионите не го чистат снегот и тие се затрупани и не можат да се вратат дома.

„Дојдени сме како туристи во апартманско сместување. Луѓето овде велат: ‘Во последно време општината не чисти’. Е, фино, ама општината има тендер за зимско чистење на патиштата и гарант ќе ги потроши, односно фактурира сите пари на фирмата што треба тоа да го прави. Граѓанинот на последно место.“, велат граѓаните.

„Ако мислел некој на скијање за Маврово да трга, нека не трга“, стои во описот на едно од објавените видеа на социјалните мрежи.

Инаку АМСМ поради врнежи од снег се воведе забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража.

Најнови вести