четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Ме имаше на списокот од МВР“: Галетановски објасни зошто имал “привилегија“ да присуствува на натпреварот Македонија-Данска

„Ме имаше на списокот од МВР“: Галетановски објасни зошто имал “привилегија“ да присуствува на натпреварот Македонија-Данска

Директорот на Зоолошка градина Скопје, Ѓорѓи Галетановски, по повод вчерашните случувања околу неговото присуство на ракометниот натпревар Македонија- Данска, денес се огласи со изјава за медиумите.

„Почитувани медиуми, должен сум да ве известам што се случуваше во текот на изминатите два дена. Во текот на вчерашниот ден бев прозван од неколку лажни Твитер профили, а потоа веста за наводно прекршување на Ковид протоколите  се прошири и по медиумите, по што бев повикан да дадам изјава во полициската станица Карпош.

Како што изјавив таму, сакам и овде да кажам дека на ракометниот натпревар завчера присуствував како дел на менаџментот на РК Спартак од Кисела Вода, на покана на македонската ракометна федерација.

Бев запишан на списокот пред салата, кој бил предаден до МВР еден ден пред натпреварот, а кога стигнав на врата, уредно бев сместен во салата според сите протоколи. Свесно и одговорно тврдам дека јас лично не прекршив ниту еден протокол и доколку обвинителството пронајде вина во некоја моја постапка, повикувам да постапи според законот“, истакна Ѓорѓи Галетановски.

Најнови вести