Во медиумите вчера беше објавена информација дека во тешката сообраќајна незгода која се случи на патниот правец Гостивар – Кичево учествувал и познатиот бизнисмен Зоран Милески Кичеец. Неколку часа подоцна стигна соопштение дека тој е времено пуштен од затвор поради здравствено лекување.
Оваа вест предизвика доста реакции во јавноста и на социјалните мрежи. Во продолжение пренесуваме дел од твитер коментарите:
Кичеец можел да користи и годишен одмор од 24 дена, кажале од Управата за извршување санкции.
Ме интересира, му дадоа ли К-15?— Нервозната (@toopersonal_1) September 4, 2021
За да не се бламира пак: Владата ќе му дозволи на Кичеец да го одлежи остатокот од казната онлајн https://t.co/awqlEwZVvx
— Кооперација (@kooperacija) September 4, 2021
Камчев ја руши фарсата СЈО ко кула од карти.
Кичеец му се измоча на правниот систем. Е за ова се боревте.— Арсена (@m_anasieska) September 4, 2021