понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меџити: Отворени нови специјализации, вложуваме во младите лекари

Меџити: Отворени нови специјализации, вложуваме во младите лекари

Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска одржа средба со деканите на медицинските факултети во Скопје, Соња Топузовска, во Штип, Милка Здравковска и претставник од деканатот на медицинскиот факултет во Тетово,Невзат Елези. На состанокот се разговараше за објавените нови огласи за специјализации на овие факултети, каде во тек е рокот за доставување апликации.

Првпат оваа година, специјализации се отворија и на Медицинскиот факултет во Тетово.

На средбата стана збор за предизвиците со кои се соочуваат специјализантите, како и за подобрување на условите за работа и едукација.

-Младиот кадар е иднината на здравствениот систем, во нив континуирано вложуваме со цел намалување на трендот на мигрирање на нашите едуцирани лекари во странство. Веќе е во тек процес за промена на правилникот за специјализации, согласно европските примери и практики, со цел надополнување на специјалистичкиот кадар согласно конкретните потреби на јавните здравствени установи, посочи министерот Меџити на средбата.

На средбата се разговараше и за можноста за околу 600 нови вработувања во областа на здравството кои се презентирани на седница на Влада, како и за можностите за вработување на приватните специјализанти.

Најнови вести