петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Медицинските сестри заминуваат од Македонија, Филипче најлошиот министер за здравство

Медицинските сестри заминуваат од Македонија, Филипче најлошиот министер за здравство

Здравството во Македонија ќе се соочи со огромен проблем, поради тоа што голем дел од медицинските сестри веќе учат странски јазици за да заминат од државата, веднаш штом заврши пандемијата.

Ако не беше пандемијата, ќе имаше уште поголем дефицит од медицински сестри, а кога ќе заврши пандемијата голема е бројката на медицински сестри што се подготвуваат да си заминат, велат од Унијата на здруженија на медицински сестри, техничари и акушери, барајќи да се подобрат условите во кои работат овие здравствени работници. Тие бараат да се донесе закон со кој ќе се регулира дејноста на медицинските сестри.

Голем број на сестри кои во моментов полагаат разни завршни испити за јазици во соседна Србија и се подготвуваат по завршувањето на пандемијата да си заминат. Основната причина е во нерегулирање на дејноста на професијата. Има комплетно незадоволство во целокупната фела.

Основното решение лежи во донесување на Законот за дејноста за нашата сестринска професија, кој ќе ги зададе нашите задачи, нашите компетенции врз основа на кој ќе имаме одговорност. Ние немаме зададени компетенции и задачи, ниту можеме да си ја одредиме одговорноста и како фела сме маргинализирани и оставени сме на милост и на немилост на политиките на менаџерите во здравствените институции, велат нашите извори од Здружението на медицински сестри.

Инаку, главната медицинска сестра на Инфективната клиника Зорица Љубичиќ-Митиќ и уште две колешки, Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа, доставиле откази. Нивните барања за отказ завршија на социјалните мрежи, по што следуваше бурна реакција од јавноста. Јавноста дополнително реагира бидејќи нивните откази се случуваат во време на пандемија, кога секој еден од здравствените работници е неизмерно важен.

Дали е ова блескавата слика во здравството на Венко Филипче? Дали Република Македонија ќе остане без здравствени работници во ек на пандемијата предизвикана од кoрoна вирусот?

Најнови вести