вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Медиумите ги спуштија камерите пред Бочварски: Министерот им се извини, ќе имало многу настани за да се поправат

Медиумите ги спуштија камерите пред Бочварски: Министерот им се извини, ќе имало многу настани за да се поправат

Здружението на новинари и ССНМ денеска реагираа откако на настанот на кој беа повикани да го проследат пристигнувањето на авионот од првата авионска линија Софија-Скопје, медиумите беа попречени од својата работа.

-За каков било ненамерен пропуст што се случил при денешната посета и средба меѓу нас и бугарските колеги би сакал да се извинам, рече денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски пред почетокот на прес-конференцијата во Клубот на пратениците каде се одвиваше средбата со неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и со туроператорите од двете држави.

Бочварски истакна дека ќе има уште многу настани како денешниот кои ќе бидат прилика владите и институциите да ги поправат сторените пропусти.

-Ова е прв лет Скопје – Софија, а ние рековме дека ги отвораме вратите и ве уверуваме дека ќе има уште многу можности и летови, сите вакви пропусти ќе ги поправиме и како влади и како институции, напомена министерот откако претходно новинарот Фуркан Салиу вербално реагираше за односот кој медиумите.

Салиу му порача на министерот, да не праќаат покани, ако не дозволуваат соодветно покривање на настаните.

-Овој микрофон се плаќа од јавни пари и имам право да ви кажам тоа што го мислам во име на новинарите и снимателите и во име на ЗНМ и Синдикатот на новинари кои веќе реагираа. Бараме да ни овомзожите исти услови за работа како на вашите фоторепортери и сниматели. Ако сакате само тие да ве снимаат, а ние не, не праќајте покани ама да знаеме дека во оваа држава не постојат медиуми. Си имате Вие Ваш ПР центар и продолжете, рече новинарот Фуркан Салиу по што ја спушти камерата на неговиот медиум пред министерот, а тоа го сторија и уште еден снимател и фоторепортер.

Најнови вести