Потпретседателот на ДУИ и координатор на пратеничката група, Изет Меџити вели дека нема дилеми за бројот на Албанците, тие на пописот ќе бидат над 25 отсто.
-Според бројот на ученици, по наталитет и по многу фактори, Албанците ќе бидат над 25 отсто. Сите индикатори говорат дека Албанците се нешто повеќе од тоа што биле на последниот попис. Нема потреба од такви дилеми. Пописот е статистичка операција, значи треба да се утврди бројката во нашата држава и тоа е добро за наредните стратегии и развој, да имаме точна бројка било за економски параметри, било за друга природа, вели Меџити.
Претходно, Арбр Адеми од ДУИ изјави дека нема да го признае пописот, доколку Албанците се под 20 отсто.