Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска ќе го одбележи 28 Септември – Меѓународниот ден за пристап до информации.
На одбележувањето во Клубот на пратенциите во Скопје ќе бидат споделени информации за досегашната работа на Агенцијата и за спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Ќе биде промовиран и спот изработен во соработка со Националниот демократски институт – НДИ и УСАИД.
Меѓународниот ден за пристап до информации традиционално се одбележува под мотото „Имам право да знам“, а го симболизира глобалното движење за промоција на правото на пристап до информации.