петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меѓународниот ден на Ромите одбележан во Кичево

Меѓународниот ден на Ромите одбележан во Кичево

Меѓународниот ден на Ромите-8 Април денеска се одбележа во Кичево, во организација на Здружението на млади сили на ромската заедница во овој град.

– Под мотото „Да чекориме заедно“ на неколку локации во Кичево, со дружење, забава, игра меѓу Ромите и гостите што учествуваа на оваа манифестација, со добро организирана културно–уметничка програма достоинствено го одбележуваме овој голем ден за нас Ромите, изјави  Удавер Реџепоски, советник во општина Кичево. Додаде дека манифестацијата е отворена за сите граѓани во општина Кичево.

Манифестацијата почна денеска во попладневните часови со кревање на ромското знаме на јарболот во населбата Бела кула во Кичево, каде се одржа богата културно-уметничка програма. Се одржа и трибина на тема „Како да го подигнеме активизмот кај младите Роми“ и општа веселба во населбата Бела кула, каде живее претежно ромско население.

Најнови вести