Да се стави крај на нереалните тврдења за загадениот воздух во Берово, бидејки Малешевијата е еден од најчистите краеви во државата. Ова е пораката која денес ја упати Благој Механџиски, сопственик на компанијата Зегин, кој присуствуваше на Божиќната литија организирана во пресрет на Бадник, порачувајки дека треба да се стави крај на шпекулациите кои неодамна преку одредени мерења го окарактеризираа Берово како град кој е еден од најзагадените во Македонија.
-Пораката која што ќе ја дадам е до докторката од Јавно здравје која направи голема штета на Малешевскиот крај, која го даде своето мислење, не знам од кој е нарачано да каже нешто што не е вистина и што е надвор од реалноста. Од ова место каде гледате има еден вид мирен простест на младите, ќе кажеме дека овој крај, е крај кој е најчист во Македонија и е крај каде има најмногу озон и кислород. Овде има некаде над 370 автохтони растенија каде има раритени борови шуми каде се е ставено во служба на чистиот воздух, со кој се гордееме. Затоа сакам од овде да порачам јсно и гласно дека треба да ставиме крај на ваквите изјави и лажно авторитети, кои не се точни, рече Зегин.
Апелираше до посетителите да го посетат Малешевскиот крај, кој како што додаде е најчист крај, а беровчани како што посочи се најдобри домаќини, заради што ги покани туристите не само за Божиќните празници туку и за другите празници да го посетат Берово и да се уверат во чистиот воздух.
Зачудени од констатацијата за загаден воздух се и туристите кои денес ги затекнавме на Градскиот плоштад во Берово.
-Веќе трети ден како сум овде не сум осетил такво загдување. Можеби нема ветер и од греењето од дрва, но во Берово како што знам нема никаква индустрија, така шт нема од што да се загадува воздухот, истакна турист од Скопје.
Во светло на дебатите кои минатите денови се отворија најчесто на социјалните мрежи заради погрешно толкување и читање на резултатите од мерењата на квалитетот на воздухот, Општина Берово и градоначалникот Звонко Пекевски официјално побараа одговор од Министерството за животна средина и просторно планирање за официјалните мерења и мислење од министерството.
Во интегралниот одговор кој општината го има добиено од министерството се вели дека согласно податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух од мерното место во Берово од 1 декември 2022 година до денес се бележат благи надминувања на среднодневната гранична вредност за РМ10 од 50 микрограми на метар кубен.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.