Како фамилија Механџиски, која негува здрави општествени и човечки вредности и како сопственици на Холдинг-компанијата ЗЕГИН, со која управуваме и која има долга традиција на општествена одговорност, одлучивме на семејствата кои ги загубија своите најмили во трагичната сообраќајна несреќа на 23 ноември во Бугарија, да им доделиме парична помош во износ од 45.000 евра, информира семејството Механџиски.
Воедно на членовите на потесните семејства на загинатите ќе им се овозможи едногодишно бесплатно користење на комплет поликлинички здравствени услуги и лекување во ПЗУ Д-р Верица Механџиска – Зегин Интер Медика.
-Ја користиме приликата на семејствата кои ги загубија своите најмили да им изразиме длабоко и искрено сочувство и да ги замолуваме да ни дозволат заеднички да ја споделиме нивната неизмерна болка и тага. Драги и почитувани, сметајте на нас и во иднина, вели семејството Механџиски.