„Најлошо за СДСМ е ако не падне оваа власт. Дури и да не падне оваа власт, СДСМ ќе падне на 10 пратеници“, истакна Ким Мехмети гостувајќи во „Само интервју“.
Мехмети нагласи дека ДУИ веќе не е главен играч кај Албанците.
-ДУИ беше најзагрижена за оставката на Заев бидејќи веќе нема да бидат власт. Дезиорентираноста на ДУИ се гледа по тоа што тие промовираат зелен концепт но не знаат што значи тој. Кај владее ДУИ има само депонии, рече тој.
„Не се гради држава ако тврдиш дека градиш држава за сите, но се оди по логика дека од Групчин натака е одговорен претседателот на ДУИ, а од Групчин натака не ми се мешај што правам јас во Струмица. Не, е тоа градење на држава. Брате треба да бирате или ќе направите држава навистина за сите или ако вака играте, ако со вакви интриги градите држава тогаш дајте брате да ги поделиме, да ставиме меѓа што е мое, што е твое. Не може вие да имате двовластие, а од друга страна ми тврдите дека вие градите држава за сите“, рече Мехмети.
Мехмети посочи дека СДСМ се води по логика да усреќи 200 Албанци со поткупување.
„Заев требаше да си замине уште пред две години. А, не сега. Сега тој остава урнатини зад него. Еве што остава“, појасни Мехмети.