Прво би искоментирал што Бучковски е специјален претставник, нему му беа подарени 200 бугарски тенкови зашто тој е сега многу практичар во овие преговори, второ кога се во прашање овие етнички нешта важно е што јас се чувствувам, ни најмалку не ме интересира што мисли официјална Софија за мене, рече аналитичарот Ким Мехмети на гостувањето на телевизија 24.
Според Мехмети, Софија и самата ќе сфати дека нејзините постапки се штетни за овој регион.
-Се подразбира и така се идентификувавте како Македонци. Лош е и Договорот со Грција каде се вели дека граѓаните се северно македонсци. Грчкото барање не е така наивно, целта на барањето е многу подлабока и тоа сум го мислел отсекогаш, рече Мехмети.
Мехмети кажа дека ова не е однос само на Бугарија кон Македонија.
-И во ЕУ има двојни стандарди и ова е некоја подлабока игра. ЕУ не сака и да се прошири и ги користи сите вакви игри, а вакви игри на Балкнаот може да отворите секогаш, рече Мехмети.
Во контекст на членството во Европската економска зона, Мехмети вели, дека целта треба да е ЕУ, а не некакви алтернативи.
-Има многу такви алтернативи кои ќе се нудат, ама не е решение тоа, рече Мехмети.