Кастриот Реџепи се плаши од себеси, се плаши од своите постапки, подобро од него не знае што тој сторил. Оти тој да е сигурен во тие негови ставови што има потреба да се крие. Човек што е за НАТО, за ЕУ што злосторство направил. Меѓутоа тука има друга приказна, јас не тврдам конкретно за овој случај. Нашите партии станале трговачки фирми, кај што се тргува обично со меѓуетничките односи. Зашто е тоа така? Затоа што во Македонија покер се игра со етнички карти, истакна Ким Мехмети гостувајќи во „Само интервју“.
Мехмети додаде дека на пример претседателот на ДУИ оди кај претседателот на СДСМ и му вели дај ми три месеци јас да имам премиер на Влада и јас ќе те подржам тебе 45 месеци. Значи се уште играта е на етничка основа.
„Вие треба некои нешта да ги бетонирате со Устав, значи да кажете дека од трите најврвни функции во државата не можат никогаш да припаднат на еден ентитет. Во Уставот да не стои да стои таа погубна формулација јазикот на 20%, туку албанскиот јазик е званичен јазик во Македонија и ред други нешта со кои тргуваат политичките партии и албанските и македонските“, рече Мехмети.
Мехмети посочи дека најголеми виновници што им се случува на Албанците се албанските политички партии. На албанските партии им одговараат етнички поделби.
„Во општина Сарај на пример па таму дури и опозиционите партии веќе не веруваат дека можат да победат и предлагаат некои кандидати што вака и нивното семејство не ги гласа. Па, јас знаев дека кандидатот на ДУИ не од први круг туку тој ќе победи од прва. Самата опозиција е уништена кај нас. Уништена е ради овие причини“, појасни Мехмети.
Мехмети рече дека албанските партии траат сезонски бидејќи ДУИ ги уништува.