„Не се гради држава со политичка памет дека само корумпиран Албанец е државотворен Албанец. А, тоа е политичка памет на оваа Социјалдемократска власт“, истакна Ким Мехмети гостувајќи во „Само интервју“.
Мехмети додаде дека СДСМ ги потценува Албанците.
„Комуњарите, сдсмовците ги потценуваат Албанците, дури ги потценуваат и нивната свест дека нив не ги бива за ништо, можеш да ги вози“, заклучи Мехмети.
Мехмети посочи дека логиката на СДСМ е Албанците да немаат партија, туку демек тие знаеле што е добро за Албанците.
„Програмата на СДСМ „Едно општество за сите“ е само за лоповите на СДСМ и ДУИ. Кажете ми вие кој е вистинскиот Заев? Тој што тврдеше дека ДУИ е член на партијата на режимот ВМРО-ДПМНЕ, или овој сегашниот што тврди дека сите овие од ДУИ се добри? Или тој што излезе како премиер за време не за овие локални избори туку на претходните да ја спаси ДУИ? ДУИ немаше да добие ниту една општина да не излезеше Заев да ја подржи со Љубе Бошковски и со сите“, заклучи Мехмети.
Мехмети рече дека Зоран Заев е лажго. Тој ги лаже и Албанците и Македонците.