вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Менкиноски: Во последните 2 години за 40 проценти е зголемен бројот на притвори

Менкиноски: Во последните 2 години за 40 проценти е зголемен бројот на притвори

Тони Мекиноски, адвокатот и претседателот на правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ во денешното гостување во емисијата „Отворено“ посочи дека во последните две години во Република Македонија за 40 проценти е зголемен бројот на притворите, укажувајќи дека оваа ситуација е својствена само за една тоталитарна држава.

-Морам да напоменам еден факт кој не го знаете дека иако постои и пракса на судот во Стразбур, има директни препораки за притворите. Притворите во Република Македонија согласно нашата анализа во последните две години се зголемени за 40 проценти. Тоа треба нешто да значи. Наместо ние да ги намалиме тие ограничувања на слобода на движење на одредени луѓе, Македонија повторно влегува во една ситуација каде се зголемува бројот на предмети за кои се бара притвор. За 40 проценти, ова е нешто кое е својствено за една тоталитарна држава, нагласи Менкиноски.

Најнови вести