петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители „Херои на Македонија“

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители „Херои на Македонија“

Оддавајќи им должна почит на сите наши загинати припадници на безбедносните сили на Република Македонија, но и на нивните најблиски, чија што загуба ниту ќе може, ниту ќе се успее кога било да се надомести, ние истовремено оставаме и една силна порака – дека никогаш и заради ништо не смее да заборавиме кому и што му должиме, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на отворањето на меморијалниот спортски турнир „Херои на Македонија“, денеска во салата Борис Трајковски во Скопје.

– Традицијата e вредност, длабоко вткаена во човековото постоење. Вредност која што не зближува едни со други, која што ја дава онаа важна нитка на благородна почит, и која што им помага на спомените да останат – бесмртни. Овој меморијален спортски турнир “Херои на Македонија“, ја има токму таквата возвишена цел: повторно да не собере, и сите заедно да си припомниме за луѓето што некогаш беа со нас, се радуваа и тагуваа со нас, и што храбро и достоинствено ги положија своите животи за нас, за татковината – нашите другари, соборци и колеги, рече Спасовски, соопшти МВР.

Меморијалниот турнир во мал фудбал, традиционално се одржува по 11-ти пат во Скопје.

 

(МИА)

Најнови вести