Ако некој прифати нешто спротивно на интересите Македонците во Бугарија само ќе изврши предавство, но нема да ги натера тие да се откажат вели адвокатот Тони Менкиноски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија додавајќи дека македонските политичари морамора да ги бранат интересите на Македонците во соседството и дека Бугарија мора да ги исполни пресудите од Европскиот Суд за човекови права, како и дека мора да има реципроцитет.
Тој вели дека во Бугарија има многу Македонци кои се организирани во одредени форми, политички партии кои водат процеси во Европскиот суд за човеовки права, културни друштва и дека неможе да се зборува за македонски народ, а да се изостават Македонците во Бугарија, тоа е една целина која мора да има хармонија.
– Според меѓународните стандарди не забрането да им помогнете на Македонците во соседните држави. Сум бил на многу форуми каде македонските делегации ги снемува кога ќе дојде ред да се зборува за македонското прашање, исчезнуваат по ходниците. Македонските граѓани треба да знаат. Тоа не е во согласност со данокот кој го плаќаме како Македонци. Тие треба да ги застапуваат интересите на Македонците. Македонците во соседството успеаја да дојдат до голема победа. Пресудите во Европскиот суд на човекови права се за правото на здружување, Македонците со македонска самосвест се здружиле и формирале културно уметнички друштва и партија. Софија ги забранува и таа забрана не е од денес. Во самите пресуди судот вели Македонците, ги признава како такви и прави јасна дистинкција меѓу Македонците и Бугарите, рече тој.
Менкиноски нагласи дека има и други инситутции како Совет на европа и ОН кои велат дека Бугарија треба да го смени Уставот и да ги имплементира Македонците во Уставот, но нивната дипломатија прави замена на тези и бара ние да го смениме Уставот и да ги ставиме Бугарите како малцинство.