Нема никаква причина да го притворат Камчев и да го лишат од слобода, едниствениот начин беше повторно службена белешка, а според Законот став 43 член два од АНБ и тоа неможе да се користи во кривична постапка , значи има сторено злоупотреба на службена положба и овластување, изјави адвокатот Тони Менкиновски во емисијата „Утро со Златев на Радио Лидер, во однос на случајот со преметот на бизнисменот Јордан Камчев кој во моментов се наоѓа во притвор.
Тој додава дека Камчев е обичен човек, стопанственик, не треба да биде тоа стигна. Камчев беше предмет на тортура, пет дена беше без вода за пиење и хигиенска вода . Намерата им била многу мрачна и затоа го известив Комитетот, на прес конференцијата на Комитетот за превенција од тортура во странство. Постои динамика во предметот и преговарање со Владата, во моментов се во истрага. Го констатираше и Народниот правобранител.
-Меѓународната јавност се интересира за предметот со Орце Камчев . Во предметот на Камчев нема дејстија. Тој си купил плацеви кои биле приватни, биле чисти и не биле државна сопственост. Рускоска излезе и рече дека белешката од АНБ не била доказ, а судот ја прфатил како таква. Побаравме тој доказ да се утврди како незаконит . Правдата е далеку од Македонија. Јордан Камчев е предметот како што не треба да се прави. Тој вработува над 3000 луѓе и е лојален граѓанин на ова адржава. И која е пораката да не откриваме вакви коруптивни дела. Камчев е решен правдата да ја истера до крај , изјави Менкиновски.