вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Менкиноски: Не може да дозволиме СЈО кое нема да одговара пред никого, тоа не е својствено за демократија туку за монархија

Менкиноски: Не може да дозволиме СЈО кое нема да одговара пред никого, тоа не е својствено за демократија туку за монархија

Не можеме да дозволиме Специјално Јавно Обвинителство кое нема да одговора пред никого, тоа не е познато во ниту една демократска држава. Не може да создадеме орган кој пред никого нема да одговара, тоа не е својствено за демократија, тоа е монархија, изјави во емисијата Отворено на Алфа Телевизија, адвокатот Тони Менкиноски кој ја предводи работна група на ВМРО-ДПМНЕ за реформските закони.

Тој посочи дека Македонците не заслужуваат ваков однос да се става ваков закон е монархистички и не може никого да изземеме од одговорност и токму затоа функционирањето на Специјалното Јавно Обвинителство како оддел на јавното обвинителство мора да биде засновано на закон, мора специјалниот јавен обвинител да одговара пред некого.

– Не можеме да излеземе надвор од меѓународните стандарди, не можеме да излеземе надвор од суверенитетот на граѓаните, или да направиме некој монарх кој ќе се однесува како сака. Мора да има закон кој ќе биде пример како ќе се перцепира обвинителството кој ќе биде пример како треба да биде орган кој ќе ги штити човековите правата на граѓаните, а не орган кој ќе врши репресија. Ние не почувствувавме како нација дека ова обвинителство досега не штити, потенцираше Менкиноски.

Најнови вести