Ова што Бугарија го прави е акт на агресија, да бара менување на јазик, историја, влегуваме во небулози. На Македонија и треба лоби и организација за македонското прашање, план и систем. Има многу организации кои го креираат јавното мислење во меѓународната заедница каде може да се лобира, а тоа сега е оставено на тие кои не ни мислат добро и треба да го смениме, изјави адвокатот Тони Менкиноски за „Што не е јасно“ на Алфа Телевизија.
Тој додава дека ни треба систем кој можеби ќе потрае, но не треба да дадеме се за да влеземе во ЕУ и да бидеме обезличени како мртва држава.
– Вие почнувате преговори, но тогаш почнува процесот кој не е мал. Треба да влеземе спремни во тој процес. Нормално е дека ќе има некои кои ќе бидат против. Потребен е долготрочен систем, а не краткорочен, сега прават краткорочни работи кои се срамота. Не е ова пазар. Ние немаме право сега да се пазариме со малцинства, истакна Менкиноски.
Менкиноски додава дека ние сега немаме никој кој би лобирал за нас во светските институции а ниту ја користиме емиграцијата која може да помогне.
– Рекламите на Си Ен Ен беа одлични, тоа беше одлична можност за Македонија да се види дека постоиме, истакна тој.
Според него, не треба да се откажуваме, и дека треба да создадеме подобра држава за да можеме да се се избориме за македонските интереси.
– Мора да направиме држава како што треба. Институциите мора да се вратат на колосек, да го подобриме животот на Македонците и да гледаме многу Македонци да останат во Македонија. Инстититуционално да почнеме да градиме држава, нагласи Менкиноски.