Овие лица од СЈО го прекршија законот и треба да одговараат за тоа. И нема пардон. Го прекршија законот со конкретни мерки, дециден е адвокатот Тони Менкиноски во вечерашната емисија „Што не е јасно” на Алфа телевизија во врска со темата енормните бонуси што ги добивале обвинителите.
-Така да мислам дека епилогот, ако сакаме правна држава, еве го законот јасен гласен значи не можеме од ова да избегаме бланкетна норма имаме, значи имаме кривична одговорност, имаме инкриминирано дејствије и овие лица треба да бидат казнети. Изнесени пред судот. И во Македонија еднаш треба да се воведе ред и закон. Ова е смешно и тажно. Па, видете ние со тие пари можевме да реновираме некоја болница, некоја детска установа. Е затоа ние баравме ревизија на тие пари, да видиме каде оделе тие наши пари и како се трошеле. Тие се јавни пари и за тие пари мора да има отчет.