Последните пораки од официјална Софија се со цел да се откажеме од Македонците во Бугарија кои имаат добиено повеќе пресуди од судот во Стразбур, а поради кои официјална Софија е притисната од меѓународните организации.
Ова го вели во интервју за Канал 5 адвокатот и застапник на здруженијата на Македонците во Бугарија, Тони Менкиновски… Тој смета дека официјална Софија врши притисок врз Македонија и Македонците во Бугарија.
Менкиноски смета дека Бугарија покажува јасна агресија кон Македонија и затоа може да се соочи со исфрлање од Советот на Европа, најстарата европска институција.
Менкиноски прашува дали со договорите со Бугарија и Грција се поништени правата на Македонците во овие држави?
Смета дека македонската Влада проблемот со Бугарија треба да го крене на меѓународно ниво.
Со пресудите од Стразбур, Бугарија е задолжена до јуни да го признае македонското малцинство, потсетува Менкиноски.
За жал, Бугарија преку административни забелешки и притисоци кон Македонците не ги извршува пресудите. Од друга страна Македонија не може да се откаже од права на бугарските државјани, вели Тони Менкиноски во интервју за Канал 5.