петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Менкиноски: СДСМ не прифати формирање на Анкетна комисија која требаше да ја испита работата и трошењето на СЈО

Менкиноски: СДСМ не прифати формирање на Анкетна комисија која требаше да ја испита работата и трошењето на СЈО

Катица Јанева има ограничен мандат согласно законот и тој мандат истекува и мислам дека со тоа е завршена нејзината историја. За жал, СДСМ не прифати Анкетна комисија составена од парламентот, да влезе во СЈО и да се увиде што Катица Јанева работела изминативе години, рече Тони Менкиноски адвокат и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ на денешното гостување во емисијата Отворено.

Тој додаде дека на ниво на Република Македонија има 190 јавни обвинители кои трошат сите заедно 10 милиони евра, додека пак Специјалното Јавно обвинителство има 12 обвинители кои трошат 4 милиони евра, што според него ова е нереално, и затоа барале формирање на Анкетна комисија за да се испита каде точно се потрошиле средствата бидејќи граѓаните имаат право да знаат на што се потрошени нивните пари, но како што рече СДСМ не ни сакале да разговараат а најмалку да го прифатат овој предлог.

Најнови вести