петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Менкиноски: Сите пропусти на Јовевски ќе ги платат македонските граѓани

Менкиноски: Сите пропусти на Јовевски ќе ги платат македонските граѓани

Тони Менкиноски во емисијата „Вин вин“ посочи дека сите пропусти и грешки на Љубомир Јовевски ќе ги платат граѓаните на Република Македонија.

-Бидејќи секој бранител ќе тужи за неговите пропусти во судот на Стразбур, затоа што не може обвинител од Кочани или друг град да води предмет кои ги препушти СЈО. Ние како граѓани ќе го платиме тоа, како ако ме прашате, ниту еден бранител нема да ја пропушти оваа шанса пред суд во Стразбур да поднесе апликација и да се жали на овој дел. И тоа за нестручната работа на господинот Јовевски. Значи господинот Јовевски намерно или ненамерно направил пропуст. Јас не верувам дека некој бранител ќе остави таква можност на овие предмети да не аплицира и да не каже дека обвинителот не бил повикан и немал надлежност во предметот. Значи не може од Кочани обвинителот да го води предметот, појасни Менкиноски.

Додаде дека тоа го зборува и како ВМРО-ДПМНЕ и како адвокат.

-Значи утре тие реперации ќе ги платат граѓаните, говорејќи за предметите на СЈО.

Најнови вести