Адвокатот Тони Менкиноски од преговарачкиот тим на ВМРО ДПМНЕ за статусот на СЈО во изјава за Курир вели дека преговорите на работните групи за законот за Специјалното јавно обвинителство се заглавени поради неколку прашања.
-Катица Јанева е апсолвирано прашање за нас, и е минато свршено време во обвинителството, ние разговараме за многу посуштински прашања, практично за проблемите кои произведуваат неправда. И покрај инсистирањето на власта да се занимаваме со последиците од проблемите, ние сме насочени кон вистинскиот извор, а тоа е како да обезбедиме механизми кои ќе гарантираат независно и професионално обвинителство, вели Менкиноски за Курир и додава:
„Суптилниот обид да се прикаже позицијата на Јанева како некоја значајна отстапка на власта, е провиден обид да се избегнат разховори за ауштината на функционирањето на системот.“