четврток, 25. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Менкиновски: Власта уште од самиот старт имаше несериозен пристап кон темата Закон за јавно овинителство

Менкиновски: Власта уште од самиот старт имаше несериозен пристап кон темата Закон за јавно овинителство

Лидерот на преговарачкиот тим за Законот за јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Тони Менкиновски ја потенцираше потребата од формирање на Анкетна комисија која ќе ја истражи досегашната работа на Специјалното јавно обвинителство.

Тој посочи дека по последните случувања околу СЈО формирањето на ваква комисија е клучно за информирање на пошироката јавност.

Менкиновски ја обвини власта за несериозен пристап кон решавањето на темата Закон за јавно обвинителство уште од самиот старт.

-СДСМ немаа сериозен пристап кон решавање на темата Закон за јавно обвинителство, бидејќи ние цело време говориме за Закон за јавно обвинителство каде што ќе се инкорпорира СЈО. Во врска со анкетната комисија, пред почетокот на преговорите ние предложивме принципи како насоки со кои ќе се водат преговорите. Во тие принципи беше побарано и анкетна комисија која ќе се состави, да се почитуваат принципите на меѓународното право, основните човекови права како би можело да се влезе во едни преговори за носење на добар и квалитетен Закон за јавно обвинителство. Приципите беа доставени во петокот, тоа многу добро се сеќавам не ги прифати во петокот ги прифати принципите. Зошто е тоа така не знам. Значи уште тогаш прифатија дека треба да се формира Анкетна комисија. После овие настани Анкетна комисија е многу потребна. Потребна не е само за парламентот, потребна е за пошироката јавност. Анкетната комисија не бара увид во предметите бара да го види работењето на СЈО, вели Менкиновски.

Најнови вести