вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Менструацијата во земјава е луксуз, 15 отсто од девојчињата користат весници наместо влошки оти се скапи

Менструацијата во земјава е луксуз, 15 отсто од девојчињата користат весници наместо влошки оти се скапи

Петнаесет отсто од девојчињата во Македонија користат весници наместо хигиенски влошки за време на менструалниот циклус, поради високата цена на средствата за лична хигиена, покажа истражувањетона здружението Новинари за промена и Институтот за јавно здравје. Истражувањето било направено лани во април и мај, во Скопје, Велес и Куманово, со 800 испитаници, на возраст од 14-45 години, пренесува СДК.

Македонија се наоѓа високо на листата на земји кои не успеваат да управуваат со менструалната хигиена, вели Наташа Доковска од Новинари за промена.

„Во Македонија нема ниту едно основно училиште или средно училиште во кое тоалетите се адаптирани за управување со менструална хигиена. Во Македонија 90 отсто од ученичките во руралните средини не одат на училиште 4 до 5 дена кога имаат месечен циклус, додека 75 отсто од ученичките во урбаните средини изостануваат 2 до 3 дена поради истите причини. Истражувањето покажа дека 19 отсто од девојчињата воопшто не купуваат никакви средства“, вели Доковска.

Причината за тоа лежи во несоодветни услови за управуавње со менструалната хигиена на училиште/работно место и високата цена на чинење на средства за управување со неа. Во Македонија само во едно приватно училиште, во Велес, има услови/тоалет за менструална хигиена, а во ниту едно училиште нема соодветни произовди како сапун, тоалетна хартија и вода, ниту пак соодветни места за управување со менструална хигиена(сапун, тоалетна хартија, вода), ниту пак соодветни места за отстранување на отпадоци од тоа.

Целата вест можете да ја прочитате ТУКА.

Најнови вести