Бугарската држава не признава постоење на национални малцинства. Сите се Бугари! Тоа е нешто слично како францускиот концепт на уредување на државата, ама на балкански начин. Во Франција сите се французи. Французи се оние кои што самите се сметаат за французи по род, наследниците на Галите, но и оние од Алзас, Лорен, Бретања, Баскија, Корзика па дури и дојдените од земјите на Магреб и останатите делови на Африка, а кои чувствуваат „малку“ поинаков идентитет. Задолжителна компонента, која што без исклучоци ги поврзува сите овие луѓе под француското знаме, е францускиот јазик. Говорењето на францускиот јазик е задолжително и само преку неговото познавање поединецот може да се стекне со правото на француско државјанство. Јазикот е основниот елемент врз кој се дефинира граѓанскиот идентитет на секој французин. Но, мора да се истакне дека јазичната разноликост, која што постои во Франција, се почитува и во тој контекст слободно можат да се користат и изучуваат јазици како што се алзашкиот, каталонскиот, баскискиот, бретањскиот, дури и галскиот фо форма на регионални јазици во Франција.
„Истото“ е и во Бугарија. Иако е под силен притисок на Рамковната конвенција за национални малцинства на Советот на Европа, која од неразбирливи причини Бугарија ја има прифатено, земјата не признава малцинства. Не признава малцинства или тоа го прави сосема неволно со толкување на одредбите од Конвенцијата на свој уникатен начин. Тоа значи дека во Бугарија сите етнички групи, Македонци, Турци, Роми, Помаци и останати, бугарската држава ги идентификува исто како и мнозинскиот бугарски народ. Сите се Бугари!
Во Македонија имаме сосема различен концепт. Малцинските права се признаени. Признаени се преку Уставот и националното законодавство, но и преку превземените обврски од прифатените меѓународни договори и конвенции. Тоа е сосема спротивен концепт од бугарскиот. Кај нас, покрај мнозинскиот македонски народ, признаено е постоењето на останатите заедници кои експлицитно се наведени во Уставот. Во Македонија свој неоспорен идентитет и права уживаат Албанците, Србите, Ромите, Власите, Турците и Бошњаците, но и сите останати, кои што се изјаснуваат на поинаков начин, и не се оспорувани од никого.
Овде доаѓаме до суштината на споредбата на овие два концепти. Ако во Бугарија сите се Бугари, а бугарската политика смета дека Македонците се Бугари, дали тогаш, имајќи го во предвид бугарскиот концепт на поимање на идентитетот на сопствените граѓани, сите останати кои што живеат во Македонија, исто така се Бугари? Ако во Бугарија сите се Бугари, а во Макединија Македонците се „Бугари“, тогаш логично е и сите останати во Македонија да се „Бугари“?! „Бугари“ се и Албанците, и Србите, и Ромите, и Турците….сите се „Бугари“! Тоа би бил логичниот заклучок ако одиме по бугарските стандарди и вредности!
Целата колумна на Петар Поп-Арсов можете да ја прочитате ТУКА