среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Месец ипол откако влезе во сила, законот е само фикција: Граѓани не можат да ги пререгистрираат возилата и плаќаат казни

Месец ипол откако влезе во сила, законот е само фикција: Граѓани не можат да ги пререгистрираат возилата и плаќаат казни

Законот објавен во службен весник, а на терен ништо не функционира.

Спорет официјалната документација, Законот за регистрација на возилата со странски регистарски таблици е објавен во службен весник на 22.12.2020-та година од кога и влегува на сила.

Како што е објавено на платформата за правни акти, а превземено од извор од Собранието за донесени одлуки, овој закон се применува од 11.01.2021-ва година. Но, ова не е вистина.

Сопствениците на вакви возила се соочија со големи проблеми откако Владата покажа целосна неспособност да го стави навистина во сила овој закон.

 

До нашата редакција пристигнаа поплаки дека иако Законот за регистрација на возила со странски таблици е донесен и објавен во службен весник, истиот не функционира. Имено, сопственици на овие возила велат дека се заглавени кај царинските служби и не можат да ги царинат возилата.

Дополнително, не можат да ги пререгистрираат и покрај тоа што сите давачки до царина им се платени.

За истите возила од страна на сообраќајната полиција се изрекува казна од 500 евра за изминат технички преглед од државата од која доаѓаат, а сопствениците на возила информираат дека од надлежните во царина им е укажено дека возилата не смеат да ја напуштат државата доколку сакаат да ги царинат возилата по новиот закон.

КУРИР, по информациите добиени од сопствениците на вакви возила, побара одговор од Царинската управа на Македонија. Од таму, добивме одговор дека тие не се надлежни.

-Ова е закон за регистрација на возила, за кој е надлежно Министерството за економија. Ве молиме обратете се таму, како единствени надлежни за регистрација и хомологација, стои во одговорот кој КУРИР го доби од Царинската управа.

Веднаш се обративме до Министерството за економија прашувајќи ги: Што точно се случува со примена на законот, до каде се постапките и како ќе бидат решени овие проблеми?

Од таму одговор не добивме. Со оглед на фактот што министерот за економија  по нашите прашања одговори јавно за овој проблем, очигледно е дека избегнува детално да одговори на проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Соочен со фактот дека обезличена е најавата дека законот е во функција, бидејќи не е, министерот одговори дека од утре ќе може да се пререгистрираат возилата со странски регистарски таблички.

-Единствен проблем што се уште не можат да се пререгистрираат возилата со странски таблици кои се возат низ државава беше донесувањето на правилникот за Поединечно одобрување на возила кој е веќе донесен. Убеден сум дека денеска или утре ќе биде објавен во Службен весник и ќе стапи на сила, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши сега повторно дава новби рокови, а за иронијата да биде поголема, кажува дека со регистрацијата може да почнат и другите институции  како што е Царинската управа. Како што веќе информиравме во овој текст, на прашањата од КУРИР за оваа тема, Царинската управа кажа дека надлежно е министерството.

-Во законското решение кое го усвоивме предвидено е Законот да стапи на сила 20 дена откако ќе биде објавен во Службен весник. Токму во одредени членови од Законот е предвидено да се донесат соодветни правилници, а вчера Министерството за економија го донесе правилникот за Поединечно одобрување на возилата. Сега Бирото за меторологија и другите институции  како што е Царинската управа може слободно да почнат со регистрација на возилата кои се предвидени со последното законско решение, рече Бектеши.

Министерот сигурно знае дека ова е прашање за егзистенција на голем број на луѓе кои со своите возила треба да патуваат во странство по работа и да се вратат повторно во Македонија. Повеќе од две недели, изгубени во лавиринтите додека некој ги убедува дека законот се применува, а не се применува.

 

Најнови вести