четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Месецов нѐ очекува затемнување на Сонцето

Месецов нѐ очекува затемнување на Сонцето

На 25 октомври ќе се случи делумно затемнување на Сонцето. Месечината ќе фрли сенка и ќе затемни околу една третина од Сонцето. Затемнувањето ќе трае околу 2 часа, а ќе започне во 11:24 часот.

За гледачите од Македонија, максимумот на затемнувањето ќе биде во 12:35 часот. Тогаш, 28,22 отсто од сончевата површина ќе биде покриена од Месечината, покажуваат податоци од веб-страницата „Скај лајв“.

Затемнувањето на Сонцето се случува кога Месечината се наоѓа помеѓу Сонцето и Земјата, па делумно или целосно го крие Сонцето фрлајќи сенка на него. Во една година најчесто се случуваат две затемнувања на Сонцето видливи од некое подрачје на Земјата.

Најнови вести