вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„МЕТА“: Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

„МЕТА“: Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

Во околината на Драчево, во месноста Пеленица, постои илегална депонија на која се наоѓаат неколку илјади тони токсичен отпад линдан, потврдуваат за „Мета“ од Министерството за животна средина.

Депонијата, е необележана, неоградена и не постои знак кој информира дека на тоа место се наоѓа токсичен канцероген отпад кој влијае и на животната средина, но и на човековото здравје, стои во текстот на „Мета

Линданот на оваа локација потекнува од фабриката ОХИС и таму го фрлале работници пред да се направат големата и малата депонија на територијата на фабриката каде што се проценува дека има помеѓу 40-50.000 тони контаминирана почва со линдан.

Еко-активистите од „О2 Иницијативата“ велат дека според нивните сознанија на таа површина биле фрлени околу 8.000 тони линдан.

– Линданот е од фабриката ОХИС, а информацијата која ја имаме потекнува од работниците вработен во фабриката. Депонијата не е соодветно обележана и нема никаква информација која би укажала дека таму се наоѓа токсична супстанца и каде не би смеело да се движат луѓе. Минатата година и ова лето МЖСПП ја има споделено информацијата со ЦУК за обележување, односно оградување на просторот и донесена е одлука дека таму не смеат да циркулираат луѓе, но еве до денес тоа не е направено. Токму во Пеленица се организираат многу училишни екскурзии, што мора да се смени – вели Татјана Чакулев од „О2 Иницијатива“.

Дека постои дива депонија на која што најверојатно има линдан, за „Мета“ потврдува и Сузана Андонова од канцеларијата за ПОПс (Persistent organic pollutants) – неразградливи органски загадувачи при Министерството за животна средина.

Целиот текст прочитајте го на МЕТА.

Најнови вести