четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски до Митрески: Доста со празни флоскули, народот гориво нема од каде да наточи, ја упропастивте државата

Мицевски до Митрески: Доста со празни флоскули, народот гориво нема од каде да наточи, ја упропастивте државата

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Анализа на телевизија 24 му порача на Јован Митрески, координатор на владејачката СДСМ дека се што ќе пристигне во собранието како штетни законски решенија, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стопира, нагласувајќи дека на народот му е доста од неспособноста и лошите политики на владата на СДСМ.

Мицевски го повика Митрески да престане да користи празни флоскули, туку сега кога ќе излезе да види каков хаос се случува на бензинските пумпи, додавајќи дека народот нема од каде гориво да наточи, а единствено што успеа СДСМ да направи се четирите кризи со кои се соочуваат граѓаните.

Народот ве прочита. Ќе се искористат сите алатки за сите штетни закони и политики од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ќе бидат сопрени. Овој народ доволно ја трпеше неспособноста на оваа влада. Единствено успеавте четири кризни состојби да воведете, сега кога ќе излеземе погледнете на бензинските пумпи што се случува низа државата. Не убедувавте дека немаме криза, дека имаме стоковни резерви, но испадна дека не е така, вели Мицевски.

Доста со тие празни флоскули, сега ќе излеземе гориво нема каде да наполните, погледнете што е низ државата, порача Мицевски.

Штетни сте вие со вашето владеење му порача Мицевски на Митрески.

Најнови вести