ВМРО-ДПМНЕ ја бранеше процедурата која што СДСМ и ДУИ ја злоупотребија и максимално го прекршија деловникот, вели координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски во емисијата Анализа на ТВ 24, за разрешувањето на Фадил Зендели од член на собраниската комисија за избори и менувања.
Според Мицевски ова што се случува во македонскиот парламент е сериозно за демократијата посочувајќи дека владејачкото мнозинство се повикале на член 114 и член 118 во кои стои дека се врши избор, именување и разрешување на носители на јавни функции, додавајќи дека член на комисија не е јавна функција со што го злоупотребиле Деловникот на Собранието.
Оваа траги комедија во кој се случуваше во македонскиот дом на демократијата е навистина сериозно и дека ова е едно од поголемите прекршувања и поголемите злоупотреби на Деловникот, објасни Мицевски.
Разрешување на пленарна седница на член на комисија за избори и именувања пратеник и да се вратиме ретроспективно назад од целата постапка и процедура е обратна. Се повикуваат на член 114 и 118 од Деловникот каде што во самиот член се разработува прашањето за избори, именување и разрешување на носители на јавни функции. Членовите не носители на јавни функции, ама како тргнале мислев дека не од член на комисијата туку и од пратеник ќе го разрешат, нагласи Мицевски.
Мицевски порача дека ова што го прави владејачкото мнозинство во однос на разрешувањето на Зендели е поради тоа што СДСМ и ДУИ сакаат да изберат Уставни судии кои што ним им одговараат.
Ви требаат Уставни судии, четири на број, и не можете со Фадил Зендели да ги поминете тие што ги планирате. Македонската јавност многу брзо ќе се увери за ова што го зборувам кога ќе ги дадете имињата, потенцираше Мицевски.