Денес во емисијата „Отворено Студио“ гостуваше Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ на неговиот соговорник Јован Митревски му посочи дека СДСМ не беше кадарна да се избори со вонредната ситуација со Ковид-19, во последните денови граѓаните на Република Македонија гледаат само троцифрени бројки на новозаразени и десетици починати.
-Милувате да зборувате за Наќе Чулев и дополнителната заменичка министерка за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, меѓутоа да потсетам во текот на денешниот ден излезе информација дека МВР во минатиот период изрегистрирала околу 2.653 прекршочни пријави за не носење на маска односно 620 лица само во текот на вчерашниот ден биле прекршочно казнети и им е дадена глоба за плаќање за тоа што не го реализирале. За мене поголем проблем е вашиот начин за функционирање со кризата, со вонредната состојба и посебно со рестриктивните мерки кои што ги имавме, посочи Мицевски на Митревски.
Мицевски додаде дека по 80-часовен карантин од наредниот ден веќе мерки немаше во државата. Бидејќи господинот Заев излезе на телевизија и кажа дека вирусот со неговиот интензитет паѓа, а граѓаните од неговата изјава понатака видоа само троцифрени бројки на заболени од Ковид-19 и скоро десетици починати граѓани.
-Само во последните 5 дена бројката е над 1000 и нешто заразени граѓани и над 20-тина починати граѓани на Република Македонија. Зошто го направи тоа господинот Заев? Од причина што, единствено брзи избори на кои што нема да има целосен мониторинг од страна на ОБСЕ/ОДИХР со целокупните нивни капацитети и со целокупната нивна методологија, и со стравот кој што го има од бројот на заразени од страна на граѓаните, и во право да го имаат тој страв граѓаните, СДСМ ќе успееше да го намали поразот кој што им следуваше на изборите. Јас знам дека состојбата со бројот на заразени во Република Македонија не е мал. И ние како партија тоа го знаеме, нагласи Мицевски.