вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски до пратениците од власта: Дајте да го изгласаме петтиот сет мерки за граѓаните иако е недоволен

Мицевски до пратениците од власта: Дајте да го изгласаме петтиот сет мерки за граѓаните иако е недоволен

Последниве три дена ја тероризирате јавноста, законите во собранието ги држевте по веќе од месец дена и тоа е факт, џабе барате по листовите. И сега за да ја скратиме целата оваа работа и драма која ја правите, немате кворум тоа е факт, имате 62 пратеници и слабо ви е мнозинството, не доаѓаат сите пратеници редовно и тоа е факт, затоа за да скратиме од овие драмолетки кои ги правите Ве молиме констатирајте дека немате доволен број на пратеници затоа што немате мнозинство, ставете ја 36-та седница како точки на дневен ред после оваа да ги изгласаме законите од економскиот пакет мерки, ова вечерва од собраниската говорница го порача координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

-Џабе тропате колеги пратеници, граѓаните ви тропаат на вас, дајте да ги изгласаме законите, ве молиме еден месец, три пати на седница стануваме за тие точки да бидат, за денеска не беа закажани, денеска ви направивме притисок и ние и јавноста и дојдоа точките, џабе тропате. Џафери завршете го овој театар, ајде констатирајте дека немате доволен број на пратеници и закажете ја 36-та седница и петтиот пакет на економски мерки кои што се недоволни дајте им ги на граѓаните, вели Мицевски.

Најнови вести