петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Имаме енергетска криза бидејќи некој намерно не направил ремонти на одредени делови на РЕК Битола, бил фокусиран да има помал ископ, да има поголем увоз, и транспорт на електрични енергенси во државата

Мицевски: Имаме енергетска криза бидејќи некој намерно не направил ремонти на одредени делови на РЕК Битола, бил фокусиран да има помал ископ, да има поголем увоз, и транспорт на електрични енергенси во државата

Во 2020-та година побаравме Надзорна расправа од причина што проблемот во Македонија енергетската криза пред да се осети во Европа па и кај нас да почне да биде она официјална енергетска криза е проблемот со намаленото производство на електрична енергија во нашата држава. Зошто го велам ова? Затоа што ние како држава имаме можност да произведуваме 6 милиони мегавати часови електрична енергија. А, во моментот наназад временски период ние произведуваме 3 милиони мегават часови електрична енергија, истакна Никола Мицевски, координатор на пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при гостување во редакцијата на ИРЛ.

Мицевски запраша зошто некој намерно не направил ремонти на одредени делови на РЕК Битола, туку бил фокусиран да има помал ископ, да има поголем увоз, и транспорт на електрични енергенси во државата. На ова сето треба да одговорат надлежните.

– Ние многу одамна реагиравме дека Македонија се соочува со проблеми во набавка на регенси. Ние имаме сериозен и друг проблем, хидропотенцијалот во нашава држава во моментов е 23%, ние влегуваме во зима со 23%. Во зима не се влегува без 70% хидропотенцијал на државата. Дополнително, зошто одредени ископи во државата досега не беа подготвени, ископи за јаглен зборувам. Значи прикривката не беше отстранета, одредени наоѓалишта не беа обработени? Треба власта да одговори, нагласи координаторот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека во енергетиката не се потребни краткорочни туку долгорочни планирања и мерки за да се постигнат резултатите.

– Капиталните инвестиции и капиталните објекти очигледно фалат. Дополнително слабо работење со нив ги дава овие резултати на производственото поле и потребата од енергенси во моментот, рече Мицевски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ појасни дека надзорната улога на Собранието е суспендирана. Воопшто ги нема надзорните расправи, а тие се потребни.



Најнови вести