петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Не го бојкотиравме Жан Моне процесот, не бевме консултирани за одредување на точниот датум

Мицевски: Не го бојкотиравме Жан Моне процесот, не бевме консултирани за одредување на точниот датум

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата не беше консултирана за да се договори точен датум и тајминг за организација и одржување на продолжетокот на Жан Моне процесот. Би сакал да демантирам одредени медиуми кои што рекоа дека ВМРО-ДПМНЕ бојкотира. Апсолутно не, ВМРО-ДПМНЕ е најактивниот учесник во Жан Моне процесот и донесувањето односно работа на усогласување на новите измени на Деловникот кој што постои, изјави денеска за медиумите координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Тој истакна дека не знае зошто власта го одбра токму денешниот ден кога веќе беше укажано и алармирале дека имаат претходно закажани обврски и присуства на одредени состаноци и средби.

– Меѓутоа од она што го имам како информација за кое што се зборувало во овој Жан Моне процес, на кој што повторно морам да потенцирам дека најголемата пратеничка група во Собранието со 44 пратеници, не присуствуваше и не ги кажа своите забелешки е дека денеска се разговарало за одредени измени кои што би можеле да значат заобиколување на работата на работните тела односно на Комисиите и токму тоа е интенцијата. Доколку се сеќавате она што се случи на Комисијата за изборите и именувањата кога на половина од Комисија се направи еден извештај за двајца кандидати за уставни судии, а третиот се’уште не е завршен како постапка и е во процедура во Собранието и со таков еден извештај се дојде на Собраниска седница, очигледно сакаат да го направат на сите други комисии. И очигледно власта не е спремна да трпи критика, не е спремна да слуша аргументи затоа што постоечкиот Деловник дава можност за ограничување на дискусијата на пленарна седница меѓутоа поголема можност за дискусија на работно тело односно на комисија, појасни Мицевски.

– Јас повторно ќе кажам, ова се мои размислувања за интенциите на власта затоа што доколку беа на повисоко ниво ќе побараа друг термин, односно ќе можевме утре или некој друг слободен ден да ја одржиме оваа средба. Но како и да е, начинот на кој што е одржана денешната Жан Монебез учество на најголемата опозициска партија и коалиција фрла сомнеж односно на целата кредибилност на овој процес, додаде тој.

Најнови вести