петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски: Од една од најуспешните и најпросперитетните економии во опкружувањето, станавме најлоша економија

Мицевски: Од една од најуспешните и најпросперитетните економии во опкружувањето, станавме најлоша економија

Во услови кога сите наши соседи водат борба да привлечат колку што е можно повеќе странски директни инвестиции, ние добиваме министер кои што смета дека немаме никаква корист од странските директни инвестиции. Очигледно дека падот на странски инвестиции ќе продолжи и понатаму, посочува Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако дојде СДСМ на власт Република Македонија има се помалку и помалку странски директни инвестции. Странските директни инвестиции во прв квартал од 2019 година изнесуваат катастрофални 29 милиони евра што е најниско ниво во последните 9 години. Ова е историски најслаб резултат во привлекување на странски инвестиции во последните десет години. Иако владата најавуваше дека по промената на името ќе има наплив на странски инвеститори, а премиерот Зоран Заев дури и најавуваше 30-тина нови инвестиции, ниту трага ниту глас од овие инвестиции. Поставувањето на Кирил Колемишевски за заменик министер за економија докажува дека Владата, или нема јасно дефинирани економски политки или кандидатите кои ги става се несоодветни за економските политки на владата. Еве директно да го прашам премиерот Зоран Заев дали Република Македонија ќе продолжи со привлеквуањето на странски директни инвестции или со овој нов избор на заменик министер за економија ќе престане со политиката на привлеквуање странските инвестиции? Или пак и овој заменик министер исто како и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, ќе биде поставен само за да зема плата и да ги троши парите на граѓаните. Дека ситуацијата во јавните финансии и во економијата е катастрофална докажува и фактот што многу посериозни и искусни луѓе и професори од областа на финансиите не се нафаќаат да бидат министери во Владата на Зоран Заев, истакна Мицевски.

Тој оцени дека во државава има сериозни и професионлни лица со огромно искуство од областа на економијата и финансиите, но ниту еден не сака да биде министер во Владата на Зоран Заев која што е во заминување.

-Од една од најуспешните и најпросперитетните економии во опкружувањето, станавме најлоша економија. Сите економски параметри се катастрофални. Имаме кастрофално ниво на реализацја на капитални инвестции. Заклучно со јули 2019 година реализацијата на капиталните расходи е 24,5% од планираните, односно околу 100 милион евра од предвидените 422 милиони евра. Ова кажува дека Владата не гради градинки, училшта, болници, игралишта, ниту било какви капитални проетки од корист на граѓаните. Капиталните расходи најдобро покажуваат дека оваа Влада не работи. Оваа влада наместо со градење се замимава со РЕКЕТ. Од друга страна имаме забавен раст на БДП во споредба со земјите од регонот. Во периодот 2006 – 2016 македонската економија (со сите негативни влијанија на Светската економска криза) растела со просечна стапка на економски раст од 3,2%, додека просечната стапка на раст 2017-2018 е 1,45%, што е за 2,2 пати побавна динамика. Погрешните даночни политики на СДСМ направија приходите од даноците за првата половина од 2019 да имаат пад од -9,4% во реализација од планираното. Во услови кога сите економии растат и се развиваат македонската економија стагнира, а граѓаните разочарани ја напуштаат државата, истакна тој.

Најнови вести