сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицевски оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која

Мицевски оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која

Координаторот на претеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и колицијата „За подобра Македонија“, Никола Мицевски денеска во Собранието на Република Македонија оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ, Клеменс Која.

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во државата, како и за реформите кои што треба да се спроведат во Собранието на Република Македонија.

На оваа средба се зборувало и за референдумот кој се одржа на 30 септември и за одредените неправилности и недостатоци во процесот на спроведување.

Шефот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која, истакнал дека тие ќе продолжат да го подржуваат работењето на Собранието на Република Македонија, особено во делот на работењето и функционирањето на пратеничките канцеларии за контакт со граѓаните низ целата држава.

Најнови вести