На денешната седница на Град Скопје, се обрати директорот на ЈП Депонија „Дрисла“, Јане Мицевски, каде тој посочи дека депонијата во изминатите години откако функционира со работа таа работи со застарена градежна механизација и за таа цел извршена е набавка на 4 нови градежни машини и нови камиони за потребите на депонијата.
„ЈП „Дрисла“ за жал овие 20 години откако постои, работи со една застарена градежна механизација, а токму механизацијата е еден од основните ресурси за функционирање на депонијата „Дрисла“ како санитарна депонија“, посочи Мицевски.
Мицевски додаде дека за таа цел ние вршиме набавка на 4 нови градежни машини кои за некој ден истите ќе бидат пристигнати и промовирани пред јавноста.
Тој потенцираше дека со пристигнувањето на новите градежни машини ќе биде обновен возниот парк на депонијата Дрисла и во иднина ќе се нема потреба да изнајмуваме надворешни компании кои ќе вршат испорака, односно помош со градежни машини што било пример во минатото.
„Во ЈП Депонија „Дрисла“ исто така се планира набавка и на нови камиони. Со тоа повеќе нема да се има потреба за изнајмување на камиони од надворешни компании за вршење на градежни зафати во депонијата Дрисла“, заклучи Мицевски.